
Чави Симонс сака да го напушти РБ Лајпциг летово, известува Фабрицио Романо. Овој 22-годишен фудбалер за врска веќе ја донесе конечната одлука, а клубот е запознаен со неговите планови.
Германскиот шампион Бајерн (Минхен) и водечки клубови од Премиер лигата ја следат ситуацијата околу репрезентативецот на Холандија. Симонс можеше да премине во клуб од Англија пред околу 12 месеци, но остана во Лајпциг.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во тековната сезона, младата ѕвезда на “црвените бикови” има 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и направил 8 асистенции. Офанзивниот играч за врска е поранешен играч на Пари Сен Жермен и ПСВ Ајндховен. Тој дебитираше за националниот тим на Холандија во декември 2022 година на Светското првенство во Катар.