Дома Фудбал Една година немаше клуб, а сега е еден од најдобрите голмани во Европа со 35 години.

Една година немаше клуб, а сега е еден од најдобрите голмани во Европа со 35 години.

Италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина ќе го продолжи договорот со голманот Давид де Геа, кој ќе добива двојно поголема плата, објавија италијанските медиуми.

Како што пренесуваКориере дело Спорт, клубот од Фиренца ќе ја активира клаузулата во договорот на шпанскиот голман, кој во Артемио Франки ќе остане до 2026 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Де Геа минатото лето потпиша едногодишен договор, а клубот сака да ја продолжи соработката, па доколку тоа се случи, 34-годишниот Шпанец ќе има двојно поголема плата, 2,4 милиони евра по сезона.

Де Геа е еден од најдобрите голмани во Серија А оваа сезона. Тој одбрани 80,6 отсто од ударите кон голот, повеќе од Јан Сомер од Интер и Мајк Мењан од Милан.

Тој беше без клуб минатата сезона откако го напушти Манчестер Јунајтед на 1 јули 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе се жали до УЕФА за натпреварот со Атлетико!

Поради поразот од Атлетико Мадрид, Барселона го обвинува судијата за повеќе пропусти, а ед…