Дома Фудбал Eден од најдобрите напаѓачи во светот ја остави својата девојка затоа што не сакала да потпише предбрачен договор

Eден од најдобрите напаѓачи во светот ја остави својата девојка затоа што не сакала да потпише предбрачен договор

Нигерискиот напаѓач и член на Баер Леверкузен Виктор Бонифејс ја прекина четиригодишната врска со својата девојка од Норвешка Рике Херминe, по несогласувања околу условите за брак.

Според извори блиски на парот, главна причина за спорот беше инсистирањето на Херминe за законски брак без предбрачен договор.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Предбрачен договор е правно обврзувачки договор кој го регулира поседувањето на имотот и финансиите во случај на развод или смрт.

Извештаите сугерираат дека Бонифејс не беше подготвен да продолжи без ваков договор, наведувајќи ја потребата да ја заштити својата финансиска иднина и да избегне потенцијални правни или финансиски замки.

Херминe, која го поддржувала Бонифејс за време на неговото издигнување во кариерата, наводно на непостоењето на предбрачен договор гледала како на гест на доверба и посветеност.

Меѓутоа, парот не можеше да најде заеднички јазик по ова прашање, што доведе до крај на нивната врска.

Со само 24 години, Бонифejс стана еден од најбараните напаѓачи во Европа откако минатата сезона го предводеше Леверкузен до титулата во Германија, а и оваа сезона игра во добра форма и на 15 натпревари во сите натпреварувања постигна осум голови.

Претходно го носеше дресот на Реал Сапфир, Лефке, Бодо/Глимт и Унион СГ, од каде што дојде во Германија во 2023 година, а во моментов вреди 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…