Ситуацијата во Барселона околу јануарскиот трансферен период се менува од ден на ден бидејќи Каталонците повторно ја сменија одлуката што ја донесоа.
Барселона пред два дена одигра спектакуларен натпревар во Лисабон каде по голем пресврт успеа да ја победи Бенфика со 5:4 и да обезбеди позиција која директно го води овој тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сепак, се истакна и резервистот Ерик Гарсија кој доби шанса во второто полувреме, а токму тој постигна одличен гол со глава за 4:4 по асистенција на Педри.
Многумина сметаа дека за Гарсија тоа беше проштален меч и гол во дресот на Барселона бидејќи беше јасно дека Каталонците беа во преговори со италијанскиот Комо околу неговата продажба.
Комо испратил понуда во понеделеникот од седум милиони евра за Гарсија и изгледаше дека тој ќе замине во Серија А, бидејќи Барселона сакала да го продаде што би направило место за засилување до крајот на јануари.
Но, по натпреварот во Лисабон ситуацијата драстично се промени и утрово се појави информација дека Гарсија останува и тоа по разговорот што го имаше со Ханси Флик.
Флик успеа да го убеди Гарсија да остане и му даде уверување дека ќе игра повеќе во продолжението на сезоната. Иако скоро веќе се согласи да замине во Комо, на крајот тој се премисли и одлучи да остане во Барселона.
Таа вест ја потврди и Фабрицио Романо кој објави дека Барселона ги прекина преговорите со Комо и на италијанскиот клуб им кажале дека се повлекуваат бидејќи статусот на Гарсија се променил.
🚨🇪🇸 Behind the scenes, Como were very close to reaching an agreement to sign Eric Garcia earlier this week…
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) January 23, 2025
…but he’s now decided to stay at Barcelona. His current position is to continue at the club after new talk with Hansi Flick. 🔵🔴 pic.twitter.com/QSmdZIRJwl