Дома Останати Кошарка Еден фудбалер на Бенфика ги збесна навивачите – го побарал дресот на Винисиус! (Видео)

Еден фудбалер на Бенфика ги збесна навивачите – го побарал дресот на Винисиус! (Видео)

Сидни Лопез Кабрал предизвика огромни критики од навивачите на Бенфика кога по натпреварот против Реал Мадрид го побара дресот од Винисиус Жуниор. Видео од тие моменти експресно се прошири на социјалните мрежи, а навивачите на Бенфика бараа Кабрал да биде исфрлен од клубот. Она што успеа да го стори со дресот по дознавањето за негативните реакции многумина ги остави во неверица.

Двомечот меѓу Реал Мадрид и Бенфика, кој беше дел од плејоф натпреварите во Лигата на шампионите, долго ќе остане во сеќавање, но за жал, помалку од спортски причини.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Се започна во Лисабон кога Винисиус Жуниор го обвини Џанлука Престијани за расизам, поради што УЕФА го суспендира аргентинецот за реванш дуелот во Мадрид.

Навивачите на Бенфика беа бесни бидејќи Винисиус стана најомразениот играч пред нив, а не можеа да поверуваат кога еден фудбалер на португалскиот гигант побара дрес токму од Бразилецот.

Во прашање беше Сидни Лопез Кабрал, кој по завршувањето на мечот во Мадрид му се приближи на Винисиус и побара неговиот дрес што веднаш беше забележано и споделено, станувајќи топ тема на интернет.

Незадоволството на навивачите на Бенфика беше огромно, а некои дури бараа од раководството на клубот веднаш да го исфрли Кабрал и да го раскине договорот со него по враќањето во Лисабон.

Во соблекувалната на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, Кабрал ги виде критиките и пораките кои му беа упатени преку Инстаграм и сфати каква грешка направил.

Португалските медиуми јавуваат дека Кабрал веднаш се покаја за својот потег и се обидел истото да го поправи што е можно побрзо.

Според информациите од португалскиот „Рекорд“, младиот играч го оставил дресот на Винисиус во соблекувалната, кој подоцна бил пронајден од страна на чистачките кога ја средувале просторијата каде престојувала екипата на Бенфика.

Кабрал бил силно исплашен поради заканите кои ги добивал, но и поради можноста клубот навистина да го суспендира или исфрли од тимот по неговото поведение.

Тој се извини на своите соиграчи за дресот на Винисиус, и наводно, го оставил токму во соблекувалната на Реал Мадрид.

Сигурно ќе му биде многу тешко на Кабрал во првиот натпревар на Бенфика по ова случка, бидејќи сега секој се прашува како навивачите ќе реагираат кон него.

Дополнителен проблем е што само во јануари Кабрал потпиша договор со Бенфика и се покажа како добро засилување. Сепак, навивачите не покажаа разбирање, бидејќи го сметаат за предавник на клубот и на соиграчите.

Особено сметаат дека во сето тоа се однесол недолично кон Престијани, што аргентинецот го демонстрираше преку „лајк“ на една објава на социјалните мрежи каде навивач ги ослови Кабрал поради дресот од Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ниту 41 поен на Дончиќ не беше доволен, Лејкерс повторно поразени (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес го претрпеа нивниот трет последователен пораз откако загубија н…