Дома Топ вести Eуфорија во Каталанија: Барселона потврди дека преговара со Меси!

Eуфорија во Каталанија: Барселона потврди дека преговара со Меси!

Потпретседателот на Барселона, Рафа Хусте предизвика еуфорија во Каталонија со потврдата дека преговараат за враќање на Меси во редовите на Барселона.

Меси како што е познато пред две години ја напушти Барселона поради финансиските проблеми и како слободен играч се пресели во ПСЖ. Договорот со клубот од Париз на Аргентинецот му истекува на крајот на оваа сезона и се уште не сигурно дека ќе биде продолжен, напротив од ден во ден изгледа како да е се подалеку од останување.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Рафа Хусте сега за медиумите призна дека заминувањето на Меси е нешто кое се уште го прогнува, но и потврди дека започнале преговори за враќање.

„Сите мои блиски, како и семејството на Лео знаат каква наклонетост имам кон него. Бев дел од преговорите кои не завршија добро и тоа до денес ме прогнува. Сакам и сакаме да се врати, тоа е добро од секој аспект, спортски финансиски, општествен…И да, контактираме!“, гласи изјавата која предизвика еуфорија помеѓу Каталонците.

Сепак, во продолжение потенцира дека не може да се смета дека работата е завршена.

„Дека има разговори сите знаеме. Претседателот зборуваше со таткото на Лео, имаат одличен однос, но се уште немаме целосен план. Ќе видиме, ќе се случи тоа што треба да се случи, затоа што судбината така сакала“, изјави Хусте.

Од друга страна претходно медиумите пишуваа дека Меси не го продолжува договорот иако има понуда од ПСЖ, токму затоа што чека да види дали Барса ќе биде спремна и дефинитивно да тргне во акција за негово враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…