Дома Фудбал Останато Eуфорија во Амстердам: Хендерсон само што пристигна руши рекорди

Eуфорија во Амстердам: Хендерсон само што пристигна руши рекорди

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон по кратката епизода во Саудиска Арабија која траеше шест месеи се врати во Европа и потпиша за Ајакс.

Веднаш по пристигнувањето Хендерсон започна да руши рекорди во холандскиот гигант. Ако се суди по стартот навивачите на Ајакс имаат големи очекувања од англискиот репрезентативец.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, дресот на Хендерсон е најбрзо продаван во историјата на славниот клуб од Амстердам.

Со продажбата на дресовите тој ги урна рекордите на Душан Тадиќ и Дејлеј Блинд. Како што пренесуваат холандските медиуми за неколку часа Ајакс продал повеќе дресови од Хендерсон откколку што за една недела по пристигнувањето продале Тадиќ и Блинд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…