Манчестер јунајтед го чека тешка битка до крајот на сезоната за место во топ-4, а тренерот Ерик Тен Хаг може да се соочи со проблеми веднаш по завршување на Мундијалот.
Аргентинскиот фудбалер Лисандро Мартинез одигра одлично во Катар и привлече големо внимание, па би можел да си замине уште во јануари, а како неова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако во екипата имаат одлична конкуренција во одбраната, сепак „кралевите“ сметаат дека треба да ја освежат соблекувалната и ќе испратат понуда за Мартинез во јануари.
Мартинез во Англија стигна од Ајакс минатото лето за 58 милиони евра, а шпанскиот гигант ќе мора да плати многу повеќе ако сака да го добие неговиот потпис.