Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Eуроспорт: Најдоброто од Барди допрва доаѓа, левата нога на Пандев е опасност за секого!

Eуроспорт: Најдоброто од Барди допрва доаѓа, левата нога на Пандев е опасност за секого!

Eдна од најпознатите спортски телевизии „Еуроспорт“ избра девет фудбалски ѕвезди од земјите коин е се великани на Европскиот фудбал, а помеѓу нив се најдоа Енис Барди и Горан Пандев.

Во изборот на овие деветмина „Еуропспорт“ пишува посебно внимание брнете на нив…

„Некои ги познавате, некои не, а за сите заедничко е што играат важни улоги во своите репрезентации“.

Барди има фантастична приказна. Роден во Скопје по татко Албанец, по мајка Косовец, фудбал почна да игра во локалниот Шкупи. Потоа бил дел од младинскиот погодон на Брондби. Сепак, таму работите не одеа како што посакувал, па се преселил во шведската втора лига, пред да направи трансфер во Унгарија од каде што пристигна во Ла Лига“.

„Ги изведува сите прекини во репрезентацијата, а во Шпанија само Лионел Меси има даде повеќе голови од него од слободен удар. Се чувствува дека најдоброто од Барди допрва ќе го гледаме, ова може да биде негов турнир“, пишува „Еуроспорт“.

Пандев е последниот на листата.

„Ја завршуваме листата со четвртиот најстар фудбалер на ова Европско. Некој ќе биде изненаден кога ќе види дека Горан Пандев уште игра фудбал, но тој не само што игра туку е и еден од клучните играчи на Македонија. Темпото можеби е намалено, но тој работи напорно и секако дека неговата лева нога и понатаму е голема опасност за сите противници. Кога Пандев е напред се остава повеќе простор за Барди и Елмас“, стои во описот на Еуроспорт.

Ќе потсетиме, првиот натпревар Македонија го игра во недела од 18:00 часот против Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…