Дома Фудбал Италија Eлмас: Среќен сум во Наполи и како резерва, тоа со клупата беше шега

Eлмас: Среќен сум во Наполи и како резерва, тоа со клупата беше шега

Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вчера четрти пат беше стартер за Наполи, трет пат во Серија А, а беше стрелец на вториот гол за својот тим.

Во третиот старт во Серија А Елмас го постигна вториот гол сезонава и покажа дека Спалети може да смета на него. Елмас натпреварите ги започнуваше како резерва најчесто на Квича Кварцхелија кој за дербито со Аталанта беше повреден.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Елмас и покрај тоа што е резерва секогаш кога ќе има прилика дава 100% за Наполи, а по вчерашниот дуело ја коментираше и ситуацијата од пред околу еден месец кога објави фотографија од клупата за резерви и напиша „мојата прва љубов“. Сега Елиф потенцираше дека станувало збор за шега.

„Квича е одличен човек, многу му помагам од кога дојде тука и среќен сум што игра одлично. Тоа со клупата беше само шега. Не сум човек кој сака контроверзи. Секогаш кажувам дека сум среќен што сум во Наполи дури и ако сум резерва. Најсреќен сум кога Наполи победува“, изјави македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…