Дома Фудбал Дрис Мертенс се збогува со фудбалот на натпреварот во чест на големата легенда на Наполи!

Дрис Мертенс се збогува со фудбалот на натпреварот во чест на големата легенда на Наполи!

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс најави дека на 38 години ја завршува својата професионална кариера.

Последните три сезони ги помина во Галатасарај, но најголем успех имаше во Наполи, каде што играше девет години и стана икона на тимот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Токму во Неапол се роди неговото пријателство со Марек Хамшик, и баш на натпреварот посветен на словачкиот фудбалер, Мертенс ќе го игра своето последно дело на теренот.

„Едвај чекам последен пат да играм со тебе. Иако престанав со фудбалот, за тебе ќе ги облечам копачките уште еднаш.

За мене, секогаш ќе бидеш капитен и најсилниот играч со кој сум делел терен,“ истакна Мертенс во видео порака.

Во Наполи, Мертенс постигна 135 голови во 397 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…