Дома Останати Кошарка Драмата продолжува: Батлер не сака да игра за Мајами

Драмата продолжува: Батлер не сака да игра за Мајами

Кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер, изјави дека сака да замине од тимот.

Веќе е добро познато дека Џими Батлер сака да биде трејдуван од Мајами и оваа сага трае неколку месеци и изгледа дека нема да заврши наскоро.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Батлер јавно побара да биде трејдуван од Мајами, но првиот човек на Хит, Пет Рајли, порачал дека од тој договор нема да има ништо.

Според извештаите на „ЕСПН“ и Шемс Чаранија, откако на Батлер му истекна суспензијата од седум натпревари (точно истекува во четврток), тој е подготвен да се врати во тимот, но само на хартија.

Во вторникот беше одржан состанок помеѓу Џими Батлер и неговите претставници со луѓето од Мајами под водство на “Кумот” Пет Рајли и на тој состанок Батлер јасно кажал дека не сака да биде дел од тимот.

Повторно побарал да биде трејдуван и истакнал дека не е подготвен да потпише нов договор со нив, туку дека ќе замине летово како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Готово: Поранешен тренер на Барселона ќе го води Партизан!

Кошаркарскиот клуб Партизан конечно доби нов треньор. Шпанецот Жоан Пенароја ќе ги предвод…