Дома Фудбал Драма во центарот на Виена: Претепан австриски напаѓач – сезоната за него е завршена!

Драма во центарот на Виена: Претепан австриски напаѓач – сезоната за него е завршена!

Искусниот австриски напаѓач Гвидо Бургшталер бил претепан за време на викендот во центарот на Виена и претрпел тешки повреди на главата.

Овој 35-годишник бил жртва на физички напад кој се случил во Виена, а сè се одвивало пред бројни сведоци по што Бургшталер бил толку силно удрен со главата од земјата што добил и фрактура на основата на черепот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Го нападнал непознат напаѓач, а неговиот Рапид се огласил на социјалните мрежи каде изразиле надеж дека надлежните органи ќе го пронајдат напаѓачот и побарале да се почитува приватноста на нивниот напаѓач и неговото семејство.

Веднаш бил пренесен во болница во Виена каде бил дополнително прегледан и според информациите наредните неколку денови ќе мора да ги помине на интензивна нега.

Играње фудбал за сега не доаѓа предвид, а најновите информации велат дека тој ја завршил сезоната и тоа на неславен начин.

Договорот со Рапид му истекуваше на лето, а од порано имаше најавено повлекување на крајот на сезоната, така што е многу можно Бургшталер веќе да ја завршил професионалната кариера.

Кариерата ја започна во Карнтен, а уште играше за ФК Магна, Рапид од Виена, Кардиф, Нирнберг, Шалке и Сент Паули за да се врати во летото 2022 година во Рапид каде сакаше да ја заврши кариерата.

Во дресот на репрезентацијата на Австрија одигра 26 натпревари и постигна два гола.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стигна потврда на лошите вести за Барселона: Ламал мора на пауза – познато и колку!

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал на последниот настап за каталонскиот гигант се здоби с…