Дома Фудбал Довербата никогаш поголема: Шпанија со Де ла Фуенте и на ЕП 2028!

Довербата никогаш поголема: Шпанија со Де ла Фуенте и на ЕП 2028!

Фудбалската федерација на Шпанија денес го продолжи договорот со селекторот на машката репрезентација Луис де ла Фуенте за уште две години, до завршување на Европското првенство 2028.

“Де ла Фуенте ќе ја предводи машката репрезентација до крајот на Европското првенство 2028 година, кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска”, се вели во соопштението на Федерацијата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Стариот договор на Де ла Фуенте истекуваше во 2026 година, по завршувањето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Тој ја презеде репрезентацијата од Луис Енрикe во декември 2022 година, по елиминацијата на Шпанија во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Претходно раководеше со младинската репрезентација на Шпанија и олимписката селекција со која освои сребро на Олимписките игри во Токио 2021.

Со репрезентацијата на Шпанија минатото лето го освои Европското првенство во Германија, а една година порано Лигата на нациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жестоки критики за скапото засилување на Ливерпул: Ако можат да ги вратат парите, нека го направат тоа!

Кога Ливерпул изминатото лето издвои 117,5 милиони евра за германското фудбалско чудо, мно…