Дома Фудбал Дортмунд доби над 300.000 барања за билети, а може да продаде само 81.365 карти

Дортмунд доби над 300.000 барања за билети, а може да продаде само 81.365 карти

Германскиот фудбалски гигант Борусија Дортмунд во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите ќе се соочи со шпанскиот првак Барселона, а интересот за овој дуел е огромен. Според клупските информации, за мечот што ќе се игра на „Сигнал Идуна Парк“ пристигнале повеќе од 300.000 барања за билети.

Домашниот стадион на „жолто-црните“ има капацитет од 81.365 седишта, што значи дека само мал дел од фановите ќе имаат можност да го проследат спектаклот во живо. Клубот најави дека дополнително ќе објави информации за процесот на распределба на влезниците и критериумите што ќе одлучат кои навивачи ќе добијат право на присуство.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Првиот натпревар од ова возбудливо четвртфинале ќе се одигра на 9 април во Барселона, додека реваншот во Дортмунд е закажан за 16 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камавинга на срамен начин ја прекина акцијата на Сосиедад (Видео)

Страстите не стивнуваат по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а гостите прона…