Дома Останати Кошарка Дончиќ го одигра најлошиот меч во кариерата, Далас елиминиран од НБА Купот

Дончиќ го одигра најлошиот меч во кариерата, Далас елиминиран од НБА Купот

Милвоки и Оклахома се првите две екипи кои обезбедија учество во полуфиналето на НБА купот, а ноќта ја одбележа Лука Дончиќ кој имаше ужасен настап.

Оклахома го реши мечот против Далас во третата четвртина. На полувремето Оклахома имаше плус три, а потоа ја доби третата четвртина со 33:19 и стигна до огромни плус 17.

Главните ѕвезди на Далас Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа запрени од Оклахома, односно Лука постигна „само“ 16 поени и 11 скокови со шут од игра 5 од 15, додека Ирвинг имаше еден поен повеќе со шут 7 од 14.

На другата страна блесна Шеј Гилџис-Александар со 39 поени и осум скокови, додека него го следеше Џејлен Вилијамс со 18 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ажурирани информации за повреди во Евролигата пред 5. коло

Евролигата објави нови информации за повреди и промени во составите пред натпреварите во 5…