
Изминатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни шест натпревари и главен впечаток е новата одлична игра на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во победата на Лос Анџелес Лејкерс против Јута Џез со 140:126. Повторно се приближи до четириесетина поени.
Овој пат, Дончиќ застана на 37, прекинувајќи така низа од две нешто послаби игри, што во неговиот случај беа натпревари во кои постигнал 19 и 23 поени. Покрај постигнатите поени, против Јута подели десет асистенции и пет скока. Сега е на просек од 34.4 поени, и по 8.9 фатени топки и додавања за кошеви.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Лејкерс успеаја да го достигнат минусот од првата четвртина со одлична трета, да направат пресврт на крилата на Лука и да ја однесат својата 11. победа во петнаесетте натпревари оваа сезона. Јута падна на скор 5-9.
Остин Ривс го следеше Дончиќ со 26 поени, додека Диандре Ејтон постигна 20 со 14 скока. Леброн Џејмс имаше 11 поени и 12 асистенции. За гостите од Солт Лејк Сити, Кејонт Џорд и Лаури Марканен постигнаа 34 и 31 поен.
Истакнуваме и победата на Орландо Меџик над Голден Стејт Вориорс со 121:113, иако Стеф Кари и Џими Батлер постигнаа 34 и 33 поени, со девет асистенции, односно седум скока. Во тимот на Орландо дури шест играчи имаа забележителни улоги, а најголемата ја имаше Дезмонд Бејн со 23 поени, шест скока и пет асистенции. Меџик по овој натпревар има скор 8-7, додека „воините“ се на една победа повеќе.
.