
Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, говореше не само за својата улога како стражар, туку и за заедничкиот период со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси во Пари Сен Жермен.
„Најважната работа за еден голман е да даде сè за тимот и да не прима голови. Има моменти кога здравјето ти е на ризик, но правиш сè заради тој гол, за да не им дозволиш на топките да влезат во мрежата. Најсуштествената работа за еден голман е да игра без страв. Како би играл како напаѓач? Добро, хаха! Можам да помогнам при корнери и статични положби, знам како да ракувам со топката.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Да играм со Меси во ПСЖ? Беше фантастично. Тој е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Но, тоа што ме импресионираше најмногу, беше каков фантастичен човек е тој надвор од теренот. Тој е најдобриот од сите, навистина фантастичен човек. Да играм со него беше неверојатно важно. Тоа е едно од најубавите сеќавања во мојот живот“, е цитиран 26-годишниот Италијанец од прес-службата на Манчестер Сити.
Донарума игра за „граѓаните“ од минатиот септември до сега. Во оваа сезона тој примил 27 гола во 30 натпревари, додека зачувал 13 натпревари без примени голови.