
Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул стана главна тема на разговор порано овој месец, сè поради тоа што Египќанецот три натпревари седеше на клупата.
По сè што се случи, Салах одлучи да им се извини на соиграчите пред да замине на АФКОН, и исто така играше против Брајтон за Ливерпул.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Разговорите меѓу Салах и Клоп ги смирија страстите, но сè уште постојат проблеми што треба да се решат и тоа што поскоро.
Англиските медиуми тврдат дека Салах ја донел својата одлука и дека нема намера да прифати улога да седи на клупа и шансите да остане во Ливерпул се речиси никакви.
Според наводите на дописникот на Daily Mail од Мерсисајд, Луис Стил, новите разговори ќе понудат конечен договор околу сè.
Спортскиот директор на Ливерпул Ричард Хјуз е подготвен да се состане со агентот на Салах и состанокот ќе биде лице в лице.
Состанокот ќе се одржи додека Салах е со Египет на АФКОН, што значи дека Салах нема да има влијание на тоа што ќе се случува.
Во случај да биде постигнат договор за Салах да оди, тој ќе ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија, но би требало да остане во Ливерпул до крајот на сезоната.
Салах така ќе ја заврши сезоната во Ливерпул, а она што треба да биде одлучено е дали ќе биде продаден наредното лето или ќе остане на Енфилд.
Продажбата на Салах следното лето би му овозможила на Ливерпул да добие разумна цена за играчот кој ќе наполни 34 години.
Салах би требало да ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија, и голем број клубови од оваа земја се заинтересирани за неговиот потпис.