Дома Football Динамо соопшти лоши вести: Адеми ја заврши годината!

Динамо соопшти лоши вести: Адеми ја заврши годината!

Повредата што македонскиот фудбалер Аријан Адеми ја заработи за време на натпреварот против Славен Белупо изминатиот викенд се покажа како посериозна од првичното очекување. За жал, оваа повреда ќе го оддалечи од фудбалските терени за подолг период.

Тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица, на денешната прес-конференција официјално потврди дека Адеми нема да биде достапен за тимот до крајот на 2024 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„За жал, нема да можеме да сметаме на Адеми до завршувањето на годината“, изјави Бјелица пред новинарите, додавајќи дека неговото отсуство ќе претставува значаен хендикеп за тимот.

Иако повредата го исклучува од игра за тековните натпревари, оптимистичните прогнози велат дека Адеми би можел да се врати на терените за околу три недели, под услов неговото закрепнување да оди според планот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Football

Проверете

Белами: Македонија е голем предизвик за нас, нема да ни биде лесно

Македонија денеска ги дозна ривалите во квалификациите за Светското првенство (СП), па так…