Дома Фудбал Динамо потврди дека Адеми заминува – го испрати со емотивна порака! (Фото)

Динамо потврди дека Адеми заминува – го испрати со емотивна порака! (Фото)

По повеќе од една деценија верна служба, Аријан Адеми и официјално се раздели со Динамо Загреб. Македонскиот фудбалер нема да биде дел од хрватскиот гигант следната сезона, а клубот преку социјалните мрежи упати благодарност и порака со топли емоции до својата досегашна икона.

Адеми зад себе остава блескава епизода во дресот на „модрите“, каде важи за најтрофеен фудбалер во историјата на клубот со дури 24 трофеи – 13 титули во првенството, 7 во Купот и уште 4 во Суперкупот. За Динамо одигра вкупно 430 официјални натпревари, со што се вбројува на второто место на вечната листа по број на настапи.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Покрај тоа, Адеми е апсолутен рекордер на клубот во европските натпреварувања, со дури 110 настапи на меѓународната сцена.

„Драг Аки, ти благодариме за сѐ и среќно во новиот предизвик. Вратата на твојот Динамо секогаш ќе ти биде отворена“, стои во пораката на клубот од Загреб.

Според најавите од хрватските медиуми, следна дестинација за Адеми ќе биде унгарскиот прволигаш Ујпешт, каде би требало да ја продолжи својата кариера под водство на добро познатиот Дамир Крзнар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо кариерата може да ја продолжи во Серија А – ќе игра и во Серија А!

Џејдон Санчо е близу заминување од „Олд Трафорд“, а можна нова дестинација за него би може…