Дома Фудбал Димитриевски добива нов тренер: Валенсија ќе плати 7,4 милиони евра

Димитриевски добива нов тренер: Валенсија ќе плати 7,4 милиони евра

Рубен Бараја доби отказ од тренерската позиција во Валенсија откако во клубот заклучија дека во него нема сила да ја подигне екипата која под негово водство се наоѓа во зоната за испаѓање на табелата на шпанското првенство. Се бара наследник на легендата која играше за Валенсија од 2000 до 2010 година, а минатата година стана и тренер на првиот тим.

Изборот наводно паднал на Карлос Корберан, досегашниот тренер на Вест Бромвич Албион. Официјална потврда од клубот се уште се чека, а шпанските медиуми пресметаа колку ќе ја чини Валенсија донесената одлука.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според договорот, Бараја ќе добие пет милиони евра од Валенсија за раскинување на договорот предвреме, а во исто време, Валенсија ќе мора да ја плати клаузулата која ВБА ја поставил во договорот со Корберан. Таа изнесува 2.4 милиони евра. Вкупно, Валенсија ќе плати 7.4 милиони евра за промената на еден и доведувањето на друг тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн веќе донесе одлука, Џексон може да резервира повратен билет

Иако не е ниту крај на октомври, Баерн Минхен сфати дека Николас Џексон не е паметна инвес…