Дома Фудбал Димитриевски ќе дебитира за Валенсија во Ла Лига

Димитриевски ќе дебитира за Валенсија во Ла Лига

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е на чекор од своето деби во шпанската Ла Лига за тимот на Валенсија, благодарение на непредвидената повреда на првиот избор меѓу стативите, грузискиот голман Гиорги Мамардашвили.

Мамардашвили, кој досега беше незаменлив на голот во сите натпревари од шампионатот, се здоби со сериозна повреда на десната нога за време на последниот дуел против Рајо Валјекано.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Според официјалното соопштение од клубот, грузискиот голман ќе започне процес на рехабилитација во тренинг центарот на Валенсија и ќе биде надвор од тимот за следните неколку натпревари. Неговото отсуство значи дека Димитриевски ќе има можност да се докаже како добар избор за престојниот натпревар против Валјадолид, кој ќе се одигра в петок.

Димитриевски веќе го носеше дресот на „лилјаците“ во две средби од Купот на Кралот, каде што тимот извојува убедливи победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот: Немаме потреба од нови играчи

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, е сигурен дека неговиот тим ќе се претстави подобро од п…