Дома Фудбал Џака: Свирежите во Косово ме болат, тоа е последното…

Џака: Свирежите во Косово ме болат, тоа е последното…

Натпреварот помеѓу Косово и Швајцарија во Приштина беше обележан со свирежите насочени кон Гранит Џака, претставник на гостинската селекција, која по нерешениот резултат 1:1 си обезбеди директен пат на Мундијалот. Никој не го очекуваше ова, дури ни самиот Џака.

Громогласните свирежи на почетокот од натпреварот привлекоа внимание на сите, а на крајот на мечот Гранит Џака се судри дури со лидерот на навивачите на Косово, Лулзим Бериша. На крајот на натпреварот даде изјава за тоа колку е разочаран од сето ова.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Овие свирежи болат. Тоа е последното што го очекував, особено овде, дома. Но, морам да го прифатам тоа. Вакви работи се случуваат во спортот, барем ја имам поддршката на навивачите на Швајцарија –  рече скршениот Гранит Џака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс среде Кавадарци го преслуша Тиквеш! (Видео)

Екипата на Силекс одигра одличен натпревар во Кавадарци каде што со 3-0 славеше на гостува…