
Maкедонската женска репрезентација утре со почеток од 19:00 часот ќе го игра реваншот од бараж натпреварот против Полска.
Во првиот натпревар на гостински терен Македонија успеа од десет негатива во финишот да се избори за пораз од четири гола разлика и избраничките на Кристијан Грчевски ќе се надеваат дека можат да ја надополнат таа негатива.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Девојките од трибините во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе имаат голема поддршка бидејќќи како што информираа истата е веќе распродадена 80%.
Фото: РФМ