
Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа беше испуштен од болница по тешката сообраќајна несреќа во Нигерија, во која загинаа неговите пријатели Сина Гами и Латиф Ајоделе. Џеј имаше неверојатна среќа бидејќи непосредно пред несреќата го замени местото со Латиф.
Ентони Џошуа изгуби двајца пријатели во тешка несреќа во Нигерија. Познатиот боксер ги поминуваше празниците во земјата од каде потекнува, каде што требаше да ја дочека и 2026 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, на автопатот се случи страшна несреќа. Автомобилот во кој се наоѓаше Џошуа и уште три лица удри во паркиран камион покрај патот, а во несреќата загинаа тренерите Сина Гами и Латиф Адолеје.
Џошуа помина со полесни повреди, исто како и возачот Адении Моболаји Кајоде (47), кој беше уапсен по несреќата. Тој се изјасни дека не е виновен за несреќата, но останува во затвор до судењето кое е закажано за 20 јануари.
Неговиот адвокат Олалекан Абиодун пренесе одредени детали од несреќата што му ги раскажа неговиот клиент. Непосредно пред сударот, Кајоде го замолил Џошуа да премине на седиштето кое било зад него.
“Мојот клиент се изјасни дека не е виновен и дека сè е последица од несреќа. Сè уште не сум имал целосен разговор со него, но вели дека кочниците не работеа,” изјави Абиодун и додаде:
„Разбрав дека тргнале од Лагос и дека Ентони првично беше на совозачкото место. Го замоли да го замени местото и да седне позади него бидејќи му го блокирал погледот. Тоа го направил бидејќи Ентони е огромен човек и не можеше ништо да види. Го замени местото со Латиф.”
Синот на возачот Ифеолуија Аденији потврдува дека неговиот татко не е човек кој сака брзо возење. Кочниците, според неговите зборови, откажале.
„Семејството е вознемирено од она што се случува. Жал ни е што две лица загинаа,” изјави тој и додаде:
„Тато не е човек кој сака брзина. Возел според правилата, но потоа кочниците откажале. Рече дека притискал на педалата, но ништо не се случувало.”
.