
Управата на Ливерпул вчера го заврши новиот трансфер – Уго Екитике беше официјално претставен.
Ливерпул ова лето никогаш повеќе не ги возбуди своите навивачи во еден летен трансфер период. Парите се трошат, но се инвестира во играчи кои навистина ќе го унапредат тимот и како шампиони се логично први претенденти за трофејот и следната година.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Георги Мамардашвили, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Флоријан Вирц и Уго Екитике и тука нема да биде крајот.
Французинот кој пристигна последен, и тоа од Ајнтрахт, претставува третото засилување на Ливерпул од Бундеслигата ова лето. За неговата слобода, „црвените“ издвоија 93.000.000 евра, а поранешниот напаѓач на ПСЖ и Ремс потпиша шестгодишен договор. Тоа во пракса значи дека Ливерпул ќе го исплаќа неговото обештетување на рати во времетраење колку што трае неговиот прв договор со клубот.
Преку бројките, тоа изгледа вака: Ливерпул издвои 10 проценти за агенти, плус уште четири проценти за даночна такса. Целиот трансфер ќе се амортизира во текот на пет години (клубовите се ограничени да исплаќаат обештетувања во тој временски интервал), а за првата година, Ливерпул ќе издвојат 15.000.000 евра, а потоа по 18.000.000 до крајот на сезоната 2029/30. Комбинацијата на датумите за финансиски извештаи на Ливерпул, кои се на 31 мај секоја година, и правилата на Премиер лигата и УЕФА, значи дека околу 3.000.000 уште може да се пренесат за последната сезона од договорот.
Неговата плата во моментов не се знае, но се зборува дека е во опсегот меѓу 220.000 и 250.000 евра неделно. Доколку се земе средната вредност, годишните приходи на Уго Екитике достигнуваат до околу 14.500.000 евра. На тоа постојат и одредени бонуси кои се остварливи, па Французинот може да стигне до плата и до 32.000.000 евра!
Така, целиот трансфер, земајќи ги предвид сите трошоци за шест години, за Ливерпул ќе чини малку повеќе од 190.000.000 евра. И така работат сите клубови, благодарение на амортизацијата. Затоа и е возможно да се пробиваат и да играат со големи бројки. Ливерпул очекува големи финансиски приходи во наредните години, клубот е генерално во деловна експанзија и се исплатеше што работеа внимателно претходните сезони и не трошеа неразумно.
Фото: Liverpool FC