Дома Фудбал Детал од соблекувалната на ПСЖ покажа зошто Луис Енрике моментално е најдобриот тренер во светот

Детал од соблекувалната на ПСЖ покажа зошто Луис Енрике моментално е најдобриот тренер во светот

Луис Енрике се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако беше откриено што се случувало во соблекувалната на ПСЖ на полувремето од натпреварот против Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона и ПСЖ играа во среда на Монжуик натпревар од второто коло на Лигата на шампионите, а на крајот актуелниот европски првак успеа да победи со 2:1 по пресврт.

Во второто полувреме гледавме сосема поинаква слика на теренот. ПСЖ значително повеќе се закануваше и пропушти неколку одлични шанси и успеа во завршницата на натпреварот да дојде до пресврт.

Одлучувачкиот момент на мечот се случи во 90. минута кога гостите изведоа одлична контра, а голот за 1:2 и победа на Паризаните го постигна резервистот Гончало Рамос.

По натпреварот се појави информација што се случило во соблекувалната на ПСЖ на полувреме, што ги воодушеви многумина, а тие тврдат дека тоа покажало зошто Луис Енрике моментално е најдобриот тренер во светот.

Француските медиуми пишуваат дека по не толку доброто издание на ПСЖ во првото полувреме на Монжуик, во соблекувалната воопшто немало паника ниту викотници од страна на Енрике и дека со една реченица го мотивирал тимот.

“Ќе има простор, продолжете да играте како што се договоривме, ќе најдете простор за шанси”, смирено ги изјави Енрике на играчите, а токму тоа се случи во продолжението на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се одложи почетокот на финалето на Светското првенство? Ова би бил сериозен удар за ФИФА

Најдолгото Светско првенство во историјата влегува во самиот финиш. Останаа само уште три …