Денвер Нагетс се доста активни на пазарот, но сè уште се чекаат нивните први вистински потези. Денвер моментално се на резултат од 14 победи и 11 порази и се наоѓаат на 6. место на Западот.
И покрај тоа што се работи за плејоф позиција, Денвер нагетс не изгледаат добро оваа сезона ако се споредат со претходните години.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Никола Јокиќ ги испорачува своите бројки и игра одлично, особено во офанзивниот дел на теренот, но за сега се сосема „исклучени“ втората и третата опција од претходните години.
Се разбира, тоа се Џамал Мареј и Мајкл Портер Јиниор. Овој двоец, во споменатите 25 натпревари, одигра повеќе слаби натпревари отколку добри и тоа е голем проблем за тимот.
Многу интересен трејд се појави во приказните на американските медиуми, а тоа е доаѓањето на капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ во Денвер.