
Играчката кариера на Лукаш Подолски полека се ближи кон крајот, но германската легенда има големи планови и откако ќе ги закачи копачките на клин.
Ѕвездата на Светското првенство 2006, поранешен член на Баерн, Келн, Арсенал, веќе ја игра петтата сезона во Гурник од Забже, клуб за кој навива уште од мало дете.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Овој веќе 40-годишен фудбалер, одлучи да преземе нов чекор и купи 8.3% од акциите на клубот, станувајќи автоматски косопственик и втор најголем акционер.
„Би сакал ова да биде почеток на нешто навистина добро за клубот и навивачите. Процесот на приватизација е во тек, борбата продолжува“ напиша Подолски на социјалната мрежа Икс.
Да потсетиме, Подолски е роден во Полска, но како мал со семејството се преселил во Германија. Ја одби поканата на селекторот на Полска во 2003 година и подоцна се прослави во дресот на „Панцерите“ за кои одигра 130 натпревари и постигна 49 голови.
Повеке пати истакна дека во „неговите гради чукаат две срца“, што го потврди и на хартија, имајќи двојно државјанство – и германско и полско.