Околу полноќ во центарот на Белград, според изјавите на очевидците, се случиле големи судири помеѓу навивачите на Црвена звезда и ПСВ пред денешниот натпревар на тие клубови во седмото коло од Лигата на шампионите. Граѓаните кои случајно се нашле близу и ги снимале нередите известуваат дека судирите почнале кога припадниците на „Делии“ со факли и топовски удари ги нападнале холандските навивачи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Низ центарот на градот одекнувале детонaциите додека српските навивачи ги напаѓале гостите.
Навивачите на Звезда, кои биле многу побројни од навивачите на ПСВ, ги нападнале со факли. На снимките од почетокот на судирот се гледа и едно полициско возило кое вози наназад пред нападот на многубројните навивачи на Звезда.