Дома Фудбал Дел Пјеро жестоко распали по Јувентус: Не знам што бараат, Тудор не беше прва опцијаа!

Дел Пјеро жестоко распали по Јувентус: Не знам што бараат, Тудор не беше прва опцијаа!

Веројатно најголемиот играч во историјата на Јувентус, легендарниот Алесандро Дел Пјеро, последен се приклучи на редот на оние кои изразија став за синоќешниот натпревар меѓу Старата дама и Реал во Мадрид.

Да потсетиме, Реал победи со резултат 1:0, а единствениот гол на натпреварот беше дело на Белингам.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Натпреварот беше тежок и многу тактички. Двете екипи не се во најдобра форма, но играа прилично добро. Јуве имаше неколку прилики за гол и победа, добро се бранеше и не му допушти на Реал премногу. Тие имаат талент како Винисиус, инстинкт за гол како Белингам… Тоа се работи кои не можеш да ги научиш”, изјави Дел Пјеро.

Инаку, со синоќешниот пораз, Јувентус го продолжи низот од цели седум врзани натпревари без победа во сите натпреварувања. Поранешниот капитен на Старата дама смета дека ова е процес кој бара време.

“Сè уште бев под впечаток од она што го видов против Комо, па бев загрижен. На Бернабеу никогаш не е лесно да се игра, но видов тим што се бори. Не можеш сè да промениш преку ноќ, тоа е процес кој бара време. Во вакви натпревари не треба дополнително да ги мотивираш играчите. Во дуели како тој против Комо очекувам нешто поинакво”, објасни Дел Пјеро.

Дел Пјеро потоа ја коментираше и пошироката ситуација во Јувентус.

“Јуве сè уште нешто бара, но не е јасно што точно. Имаше многу промени, сите знаеме што се случи на крајот од минатата сезона и за време на летото. Тудор, искрено, не беше прв избор, сите го знаеме тоа. Пристигнаа нови играчи, а тимот имаше хаотичен период и на теренот и надвор од него. Постојано нешто не функционира”, рече Дел Пјеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гигант од Серија А понуди 58.000.000 евра, Нико Паз во нов клуб?!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Нико Паз ќе го смени клубот во јануари, но ќе …