
Легендарниот англиски фудбалер и сегашен сопственик на Интер од Мајами, 50-годишниот Дејвид Бекам беше опериран откако претходно беше пренесен во болница поради силни болки во зглобот, пренесуваат светските медиуми.
Како што е наведено, славниот Англичанец успешно беше подложен на операција за отстранување на хируршки шраф во подлактицата, кој му беше ставен откако поранешниот фудбалски ас се повреди на натпревар на репрезентацијата на Англија против Јужна Африка во 2003 година.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Се потенцира дека последниве денови болките станале посилни, па на Бекам му беше препорачана операција.
Здравјето на Дејвид Бекам предизвика загриженост кај фановите откако неговата сопруга, дизајнерка и поранешна членка на „Спајс Грлс“, Викторија Бекам, на својот Инстаграм сторис сподели слика од него во болнички кревет.
„Брзо оздравување, тато“, напиша Викторија во објавата, покрај Дејвидовата фотографија како лежи во болнички кревет.
На друга слика Бекам на раката носи алка со перли и натпис „Брзо оздравување“.
Во тоа време, Бекам продолжил да игра со завиена рака. Сепак, последниот рендгенски снимок наводно покажал дека шрафот кој беше користен за неговото првично закрепнување не се разложил како што треба и се вгнездил во неговата подлактица, што бараше хируршко отстранување.
За среќа, не се очекуваат сериозни компликации.
