
Мејсон Гринвуд е еден од најталентираните фудбалери во Европа и има потенцијал да ја освои „Златната топка“, ако работи одговорно. Ова мислење го изрази тренерот на Олимпик Марсеј Роберто де Зерби, пофалувајќи ги квалитетите на Англичанецот, кој во моментов е водечки стрелец во Лига 1.
„Го гледам секој ден, неговиот потенцијал е огромен. Не гледам многу играчи во Европа кои се на истото ниво. Тој има потенцијал да ја освои „Златната топка“. Зависи од него да одлучи дали сака да направи сé што може, за да се бори за „Златната топка“, или не. Поседува квалитети кои заслужуваат „Златна топка“. Сакаме да биде поупорен. Знам дека треба да врши притисок со повеќе интензитет, да управува со топката подобро кога тимот има тешкотии, да не ја губи лесно, туку да ја задржи за тимот да продолжи напред. Погледнете го неговиот втор гол против Ројал Унион СЖ, кога со леснотијата на Дрогба го надмудри голманот висок 2 метри“, рече Де Зерби.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед има вкупно 13 голови од почетокот на сезоната, при што пред неколку дена постигна два гола во победата над Ројал Унион СЖ во Лигата на шампионите.