Дома Фудбал Де Лаурентис предложи револуција во Серија А: “Доста е!”

Де Лаурентис предложи револуција во Серија А: “Доста е!”

Елиминацијата на италијанската фудбалска репрезентација од квалификациите за Светското првенство по поразот од Босна и Херцеговина е одраз на длабоката криза која веќе долго време го мачи италијанскиот фудбал. По овој неуспех, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, реши да го сподели своето гледиште и да предложи целосен рестарт на системот, пренесува Sportitalia.

Во интервју за Радио CRC, претседателот на Наполи, не ги криеше своите фрустрации со состојбата во италијанскиот фудбал. “Како се чувствувам? Веќе десет години ми е јасно, само ми се смеат. Во Неапол имаме една интересна фраза за ова: ‘играчка во рацете на децата.’ Одсекогаш нагласуваме дека се играат премногу натпревари, а тоа ги уништува нашите фудбалери,” изјави Де Лаурентис.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој го истакна премногу големиот број клубови во првата лига како клучен проблем. “Сетете се на 1986 година, Серија А имаше 16 клубови, а денеска пак сакаат да се 20. Ако се вратиме на 16, би ги поштедиле играчите кои ние, клубовите, ги плаќаме, а не ФИФА или УЕФА. Така ќе има доволно време да им се овозможат на репрезентацијата темелити и квалитетни подготовки,” додаде тој.

Ресетирање и враќање на 16 клуба

Де Лаурентис смета дека барањето поединечни виновници е бесмислено, бидејќи проблемот лежи во целиот систем. “Барањето жртвени јарци нема смисла. Веќе некое време предупредувам дека италијанскиот фудбал спие, ништо не се менува, бидејќи сите на некој начин преживуваат во постоечката состојба,” додаде тој, правејќи споредба со други спортови.

“Спортскиот свет постигна големи успеси, како на Олимписките игри, господинот Малаго направи одлична работа. Ваква извонредност не гледам на друго место. Потребно е ресетирање, без страв и срам, треба да се почне од нула.”

На крајот даде конкретен план за обновување. “Јасно е: се игра премногу, 20 тима се премногу. Лигата треба да има 16 клубови, а репрезентацијата да се осигура со два месеци за квалитетни подготовки. Тоа треба да биде кристално јасно, не можеме да си играме со туѓите пари.

Доста е, не уморија. Шеснаесет клуба, помалку натпревари, повеќе време за репрезентацијата, надоместок за повиканите играчи и целосно осигурување во случај на повреди. Тоа е новиот почеток кој ни е потребен. Малаго? Доколку тој го преземе италијанскиот фудбал, обновата би била многу брза. Сè треба да почне одново, веќе утре наутро,” заклучи Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда го советува Јамал: Не игра веќе за Шпанија!

Поранешниот играч од Ла Лига, Мохамед Сисоко (41), го советува шпанскиот тинејџер Ламин Ја…