
Френки де Јонг, играчот на средината на терен од Барселона, остро ја критикуваше контроверзната одлука натпреварот на неговиот клуб во шпанското првенство да се игра во Мајами. Холандскиот фудбалер не се согласува со одржувањето на гостинскиот натпревар против Виљареал во странство, кој е закажан за на 20 декември.
“Не ми се допаѓа што треба да играме таму, со тоа не се согласувам”, изјави Де Јонг на прес-конференцијата во тренинг-кампот на холандската репрезентација.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Де Јонг смета дека одигрувањето на натпревар во САД создава нееднакви услови за сите екипи во лигата. “Тоа не е фер за натпреварувањето. Сега играме гостински натпревар на неутрален терен. Тоа не ми се допаѓа и мислам дека не е правилно кон играчите”, објасни тој.
Холанѓанецот додаде дека го разбира и незадоволството на другите клубови. “Го разбирам незадоволството на останатите клубови”, рече еден од главните играчи на Барселона. Одлуката за преместување на натпреварот од 17. коло во Мајами, новиот дом на клубската икона Лионел Меси, Ла Лига ја објави во среда вечерта, што предизвика бројни расправи.
Веќе претходно, 18 навивачки групи го изразија своето “целосно неприфаќање” на играњето натпревари во странство. Од друга страна, претседателот на Барса, Жоан Лапорта, ја изрази “благодарноста за можноста да се приближи до едно од клучните стратешки пазари на клубот”.