Дома Фудбал Де Брујне кажа ДА, Наполи му го украде и напаѓачот пред носот на Интер и Јувентус!

Де Брујне кажа ДА, Наполи му го украде и напаѓачот пред носот на Интер и Јувентус!

Кевин Де Брујне се согласи да започнат преговори за неговиот трансфер од Манчестер Сити во Наполи.

Белгиецот после разговори со Мертенс и Лукаку одлучи да се придружи на клубот од Неапол и сака што побрзо да биде завршен договорот за да може мирно да замине на одмор.

Моменталната разлика меѓу понудата и побарувачката е што тимот на Де Брујне сака тригодишен договор, додека Наполи нуди две години плус опција за трета, а би заработувал седум милиони евра по сезона.

И тоа не е се. Наполи е на чекор до потпис и со Џонатан Дејвид, напаѓачот на Лил кој не сака повеќе да остане во францускиот клуб. Него го сакаа и Интер и Јуве, но изгледа дека Наполи е најконкретен.

Заиста, одличен тим создава Конте за наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…