Дома Фудбал Де Брујне е само почеток, Конте гo спојува шампионсkiot тандем од Сити?

Де Брујне е само почеток, Конте гo спојува шампионсkiot тандем од Сити?

Малку заборавениот англиски фудбалер Рахим Стерлинг со извесност ова лето ќе ја напушти Премиер лигата затоа што нема интерес од ниту еден клуб од неговата татковина, што е совршен почеток за преселба во Наполи кој го гледа како една од опциите за крило.

Искусниот фудбалер со потекло од Јамајка зад себе има прилично бледа сезона во Арсенал каде играше на заем од Челзи, чиј менаџер Енцо Марсека не го гледа во комбинација за тимот во следната сезона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медиумите пишуваа дека поранешниот ас на Ливерпул и Манчестер Сити сигурно ќе ја напушти Англија, но дека постои интерес од клубови кои на есен ќе играат во Лигата на шампионите. 

Се пишуваше за Бајер од Леверкузен, но италијанските медиуми пренесуваат дека во трката влезе и Наполи на кој Стерлинг му е „план Б“ ако не успее зделката за првотимецот на Болоња Дан Ендо.

Според Џанлика Ди Марцио, швајцарскиот фудбалер со африканско потекло е сè уште приоритет за Наполитанците кога станува збор за играч кој покрива позиција на крилниот напаѓач, но во случај да не постигнат договор, Стерлинг ќе биде алтернатива.

Да потсетиме, шпекулациите за преселбата на Стерлинг во Наполи доаѓаат истото лето кога подно Везув пристигна Кевин Де Брујне, негов поранешен соиграч од златната ера на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МЛС го суспендираше Меси

Раководството на МЛС-лигата одлучи да ги казни своите најголеми ѕвезди. Лионел Меси и Жорд…