Дома Фудбал Давид Силва објаснува што му е потребно на Сити за пресврт против Реал

Давид Силва објаснува што му е потребно на Сити за пресврт против Реал

Поранешниот играч на Манчестер Сити, Давид Силва, го сподели своето размислување за тоа што „граѓаните“ треба да направат во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Небесно-сините“ претрпеа пораз од 0:3 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид минатата недела, и сега им е потребно вистинско чудо за да ги елиминираат „кралевите“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сите знаеме дека Реал Мадрид иако не блеска во првенството, повторно е силен во Лигата на шампионите. Се очекуваше Сити да направи подобар резултат на гостувањето, но се уште имаат надеж во реваншот. Треба да се надеваме дека ќе постигнат рано гол за да се вратат во игра. Доколку Сити успешно притисне и постигне гол во првите минути, ќе биде дел од играта. Прашањето е дали Реал ќе успее да не прими гол во првите 25 минути. Ако тоа се случи, натпреварот може да се смири, но ако примат гол, може да имаат сериозни проблеми“, истакна Силва.

Реваншот на осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Сити и Реал Мадрид е закажан за 17 март (вторник), а почетниот свиреж на стадионот „Етихад“ ќе биде во 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разочараниот Нејмар предизвика бура откако не беше повикан во репрезентацијата: Не можам да молчам

Нејмар не доби повик за новото собирање на бразилската репрезентација пред пријателските н…