Дома Фудбал Дали на најладниот натпревр во историјата на Лигата на шампионите го видовме и најголемото промашување? (Видео)

Дали на најладниот натпревр во историјата на Лигата на шампионите го видовме и најголемото промашување? (Видео)

Ајуб Ел Кааби (32), напаѓач на Олимпијакос и репрезентативец на Мароко, е извонреден голгетер. Откако во летото 2023 година пристигна во грчкиот гигант, постигнал 75 гола во 115 натпревари. Во оваа сезона веќе има 15 голови, меѓу кои и против Барселона и Реал во Лигата на шампионите.

Токму во тоа натпреварување, Ел Кааби направи неочекуван промашај. Тој покажа дека вакви грешки се можни и кај ефикасните напаѓачи, на самиот крај од натпреварот против Кајрат. Олимпијакос водеше со 1:0 благодарение на голот на Желсон Мартинс во 72-та минута, во натпревар што се одигра во Казахстан при -21 степени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така, овој натпревар стана најстудениот во историјата на Лигата на шампионите. Многумина велат дека токму на овој дуел беше виден и најневеројатниот, или еден од најневеројатните промашувања откако постои ова натпреварување. Ел Кааби излезе сам пред голманот на Кајрат, го заобиколи и така остана сам пред празната мрежа. Наместо да ја затресе мрежата, удри во стативата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Манчестер сити му се понуди на Реал Мадрид!? (ФОТО)

Рoдри (29), легенда на Манчестер сити и дете на Атлетико Мадрид, предизвика големо внимани…