Дома Фудбал Да се биде или не: Ултиматум за тврдоглавиот Аморим

Да се биде или не: Ултиматум за тврдоглавиот Аморим

Манчестер Јунајтед не оди добро ниту оваа сезона, погледнете ги само резултатите, веќе е октомври, а тимот на Рубен Аморим не врзал две победи. Всушност, Рубен Аморим никогаш не врзал две победи во Премиер лигата.

Последниот пораз од Брентфорд беше уште едно разочарување за навивачите и управата, можеби не толку поради резултатот, колку поради некои пропусти и немоќ во втората половина да се достигне до изедначување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Да се потсетиме и на лесниот пораз во градското дерби, па испаѓањето од Лига купот, поразот и од Арсенал, ма, изгледа дека има премногу лоши вести за секој кој го сака Манчестер Јунајтед.

Се разбира, и оваа сезона е под притисок тренерот.

За разлика од некои претходни кои менуваа тактики, се обидуваа да ја преобратат сезоната, Аморим е тврдоглав, од почетокот тврдеше дека нема играчи за формацијата што ја користи, а кога за време на летото беа потрошени големи пари за засилувања, изгледа дека и понатаму Португалецот, сега малку посрамежливо, тврди исто.

Дали му се пребројани деновите во Манчестер?

Британскиот „Телеграф“ пишува дека Аморим е на излезните врати и дека добил ултиматум, победа против Сандерленд или заминување од клубот.

Ако погледнеме бројот на бодови кои ги освојуваа тренерите на Манчестер Јунајтед во првите 33 натпревари (кај Сандерленд ќе му биде 34-ти на Аморим), најмногу има освоино Луј ван Гал, дури 65, следи Мурињо со 64, Ерик тен Хаг имаше 63, Моез 57, Солскјер 56, а Аморим 34.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србите фаќаат сеир на РТС: Звезда загуби, но за нив славела победа! (Фото)

Добро позната е анегдотата од 2010 година, кога Северна Кореја ја имаше својата историска,…