Дома Фудбал Чудо какво што немало 117 години: Аматери од шеста лига елиминираа премиерлигаш во ФА Купот!

Чудо какво што немало 117 години: Аматери од шеста лига елиминираа премиерлигаш во ФА Купот!

Едно од најголемите изненадувања во последните сезони на ФА Купот се случи кога шестолигашот Маклсфилд на домашен терен го победи актуелниот освојувач на трофејот Кристал Палас со резултат 2:1, доживувајќи историска победа.

Домаќините го отворија резултатот во 43. минута преку гол на Пол Довсон, кој се покажа снаодлив пред голот и на тој начин ги изненади гостите пред полувремето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во 60. минута, Исак Бали ја зголеми предноста откако се снајде во гужвата пред противничкиот гол, практично обезбедувајќи победа за тимот кој играат во шестата англиска фудбалска лига.

Кристал палас иако доминираше во поседот на топката и се обидуваше да ги создава своите шанси, успеа само во 90. минута преку Pin да намали на 2:1 и така барем малку да го ублажи поразот.

Претходниот пат кога некој аматерски тим успеал да го елиминира актуелниот освојувач на ФА Купот беше во 1909 годината по што беа потребни 117 години за сличен подвиг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе во опасност да го пропушти СП 2026!?

Француската ѕвезда Килијан Мбапе не сака да ризикува долга пауза и евентуално пропуштање н…