Дома Фудбал Челзи во проблеми: Кол Палмер се повреди на бизарен начин, ќе биде отсутен најмалку недела

Челзи во проблеми: Кол Палмер се повреди на бизарен начин, ќе биде отсутен најмалку недела

По завршувањето на репрезентативната пауза, Челзи ќе мора да продолжи без Кол Палмер барем уште една недела.

Тренерот Енцо Мареска се обрати на прес-конференција пред гостувањето на Бурнли и потврди дека не ќе може да смета на еден од неговите важни играчи поради невообичаена повреда.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Палмер во средата навечер го скрши малиот прст на левата нога случајно удирајќи се од вратата.

Планирано беше англискиот репрезентативец оваа недела повторно да се приклучи на тренинзите по двомесечната пауза предизвикана од повреда на препоните, но новата несреќа повторно го одложи неговото враќање на терените.

„Нема да можеме да сметаме на него во сабота, исто така и против Барселона и Арсенал, тоа е моментално сигурно“, изјави Мареска.

Тренерот на Челзи објасни како дошло до повредата:

„За жал, доживеа мала незгода дома и го повреди прстот. Не е нешто сериозно, но нема да може да игра. Такви работи се случуваат, и мене често ми се случува да удрам глава, нога или рака навечер…“, рече Мареска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доби засилување за дуелот против Билбао: Флик објави позитивни вести!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека Ерик Гарсија и Рафња ќе се вратат во соста…