
Играчот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, е на радарот на Челзи. Лондонскиот клуб веќе го договорил личниот договор со крилниот напаѓач и испратил официјална понуда до Вестфален, објавуваат доверливи извори.
Челзи нуди 35 милиони евра на Борусија како отштета за 20-годишниот играч, додека Дортмунд бара најмалку 50 милиони за да го одобрат трансферот.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Англичанецот побарал од раководството дозвола да ја промени средината ова лето, а германскиот клуб ја гледа оваа ситуација како одлична можност да заработи од уште еден нивни талентиран играч.
Челзи веќе постигнал договор за долгорочен ангажман со Гитенс.
Гитенс одлично ја започна сезоната и беше еден од светлите точки под водство на поранешниот тренер на „Милионерите“ Нури Шахин, но потоа се бореше за својата улога кај Нико Ковач.
Хрватскиот тренер често применуваше систем без вистински крилни напаѓачи, но Гитенс во завршницата од сезоната повторно се издвои со поважна улога.
Џејми досега одиграл вкупно 48 натпревари во сите натпреварувања, со постигнати 12 гола и 3 асистенции. Претходно беше дел од Рединг, Челзи и Манчестер Сити во младинските селекции, а во Дортмунд е од 2020 година.
На Челзи му е потребно засилување на крилните позиции по заминувањето на Џејдон Санчо кој беше на позајмица од Манчестер Јунајтед и суспензијата на Михајло Мудрик поради позитивен допинг тест.