Дома Фудбал Челси работеше со „полна пареа“ во последниот ден: Шестмина заминаа, пристигна тинејџер од 15 милиони евра!

Челси работеше со „полна пареа“ во последниот ден: Шестмина заминаа, пристигна тинејџер од 15 милиони евра!

Последниот ден од јануарскиот преоден рок, Челси беше еден од најактивните клубови..

Во еден ден видовме неколку договори кои “Сините” ги завршија..


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Чезаре Касадеи го засили Торино во трансфер вреден 13.000.000 евра, во Италија замина и Жоао Феликс кој ќе настапува како позајмен играч на Милан, додека Карни Чуквуемека се најде во Германија каде ќе ги брани боите на Борусија Дортмунд до крајот на сезоната, исто така како позајмен играч.

Во Премиер лигата останаа Аксел Дисаси и Бен Чилвел, Французинот е позајмен на Астон Вила, а некогашниот репрезентативец на Англија на Кристал Палас во обид да ја врати својата кариера на прав пат.

Што се однесува до доаѓањата, се очекува официјализација на зделката со Сент Етјен кој ќе добие 15.000.000 евра за трансферот на Матис Амугу (19), при што постои можност играчот од средниот ред со камерунско потекло да остане во Лига 1 каде би бил отстапен во Стразбур на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најскапото промашување на Јунајтед асистираше и потоа доби црвен картон

Бетис победи на гостувањето во Гетафе со 2:1 (1:0) во натпреварот од 25-тото коло на шпанс…