
Еден од најважните играчи на Арсенал – Букајо Сака, е подготвен да се врати во игра за утрешното лондонско дерби од Премиер лигата со Фулам.
Англискиот репрезентативец претрпе операција на задниот бутен мускул во декември, откако доби повреда во натпреварот со Кристал Палас.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Букајо е подготвен. Сè беше направено многу внимателно и сега треба да го вратиме на теренот на вистинскиот начин. Тој е настојчив, бидејќи многу сака да се врати во игра. Требаше да го задржиме, за да ја испочитуваме временската рамка, така што сега е подготвен. Може да започне против Фулам. Тој е огромно оружје за нас. Знаеме какво влијание има во тимот и колку е важна неговата улога и придонес за нашиот успех. Страхотно е да го имаме повторно во тимот.
За жал, Калафиори повторно доби повреда на коленото за време на обврските со репрезентацијата. Треба да видиме како ќе се развие повредата. Жал е, но можеше да биде и полошо. Се надеваме дека сè ќе трае само неколку недели. Тимбер беше болен подолго време, но во последните неколку дена се почувствува многу подобро, така што е на располагање.