Дома Фудбал Чави е фаворит на мароканската федерација

Чави е фаворит на мароканската федерација

Поранешниот славен фудбалер и потоа старши тренер на Барселона, Чави Ернандес, може да стане селектор на националниот тим на Мароко.

46-годишниот Каталонец е без тренерски ангажмани откако ја напушти Барселона пред 18 месеци. Во тој период беше поврзуван со неколку клубови, но не брза со изборот за нова работа. Според шпанскиот весник Marca, тој е на прагот да го преземе претставничкиот состав на Мароко, кој ќе учествува на Светското првенство во лето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Локалната федерација бара замена за сегашниот старши тренер Уалид Реграги. Тој поднесе оставка откако тимот не успеа да го освои турнирот за Купот на африканските нации, на кој беше домаќин. За сега федерацијата официјално не го објави разделувањето со Реграги, но веќе води разговори со потенцијални наследници.

Според “Ди Атлетик”, Чави е посклона да ја преземе работата по Светското првенство, бидејќи смета дека сега ќе има малку време да ги спроведе своите идеи пред Мундијалот.

Тимот на Мароко е во група со Бразил, Шкотска и Хаити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се бори за своето место на “Олд Трафорд”

Андре Онана сака да се докаже во Манчестер Јунајтед. Летово ќе се врати на “Олд Трафорд” п…