Дома Фудбал Буфон ги откри проблемите на италијанскиот фудбал

Буфон ги откри проблемите на италијанскиот фудбал

Познатиот италијански голман Џанлуиџи Буфон смета дека италијанскиот фудбал повеќе не е она што некогаш беше и дека денешната репрезентација не го одразува духот и стилот на игра што некогаш беа гордост на Италија на светската фудбалска сцена.

Италија неочекувано пропушти две последователни Светски првенства, иако меѓувреме успеа да го освои Европското првенство.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Буфон беше клучен член на тимот кој во 2006 година ја освои светската титула, а за италијанската репрезентација настапуваше повеќе од дваесет години.

„Дваесет години се срамиме од тоа што сме. Дваесет години чувствувам дека мораме да играме како Шпанија – ги кренавме рацете од сопствената историја. И поради тоа талентот исчезнува.

Играчите како Ферара или Канаваро… Денес би се срамеле да ги поставиме на теренот. Kиелини денес не би играл затоа што нема добар пас“, се пожали голманот кој пред две години ја заврши својата богата кариера.

„Историски гледано, натпреварите на Италија се основаа на бескомпромисна одбрана, на заедништво и на резултатска цврстина. Денес изгледа како да се срамиме од тоа, како да без тоа не можеме да бидеме прифатени во фудбалската елита. Сакам да излезам на терен и да се обидам да победам, и не е срамота тоа да го правиме на нашиот начин“, решително порача Џиџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вреди 140 милиони евра, го сакаат сите клубови, а Нејмар никогаш не слушнал за него (Видео)

Флоријан Вирц, креативниот играч од средниот ред на Баер Леверкузен и германската репрезен…