Дома Фудбал Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулациите за заминувањето на Бруно Фернандеш од „Олд Трафорд“. Ваквите гласини никогаш не се случајни и обично навестуваат дека една од страните – било играчот или клубот – подготвува терен за разделување.

Каде би можел 31-годишниот Португалец да ја продолжи кариерата е тешко да се предвидува, но изгледа дека има јасна насока каде би можел да стигне наскоро, доколку се одлучи. Саудискиот Ал-Хилал е најсериозен кандидат во моментов.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Скај Спорт“ изјавува дека Фернандеш добил понуда од Саудиска Арабија, каде што ќе се отвори краток трансфер период од 1 до 10 јуни, за најбогатите клубови да можат да се зајакнат пред претстојното револуционерно Светско првенство на клубови на ФИФА кое следното лето ќе се одржи во САД.

Времето е кратко за одлука, па така и Бруно ќе мора брзо да размисли и да донесе одлука. Иако, по поразот од Тотенхем, тој истакна дека себе си се гледа во Јунајтед и најрадо би го завршил договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ добива пораки од сите страни, но една посебно се издвојува…

На Лука Модриќ може да му треба време колку што има титули во Лигата на шампиони за да ги …