
Нема да дознаеме скоро за судбината на Бруно Фернандеш.
Португалецот, кој што е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед и тоа особено го покажува по доаѓањето на Мајкл Керик, се поврзуваше со многу клубови, особено со блискоисточните, бидејќи медиумите пишуваа за неговото потенцијално заминување.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Клубот со него има договор до 2028 година, но сите во клубот сакаат да остане и по оваа сезона. Но, тешко е да се одолее на понудите од Саудиска Арабија.
Што може Манчестер да понуди?
Според информациите од англиските медиуми, сумата е 400.000 фунти неделно, но Бруно ќе почека со конечната одлука.
Сè ќе зависи од два фактора, првиот е дали Манчестер Јунајтед ќе избори пласман во Лигата на шампионите, а вториот е дали Мајкл Керик ќе остане на клупата на овој клуб и по завршувањето на оваа сезона.
Ако остане, шансите Бруно да остане во клубот значително ќе се зголемат.